Штурци
Цело лето ја штуркаме ние својата проста
мелодија
со скрита надеж да ѝ обрнеш внимание.
И еве сега летото прекршува
во една позна августовска вечер —
и твојот слух се допрел веќе до подлабоко
рамниште,
до побогато созвучје,
до нешто битно во зреењето и падот.
И еве сега нашиот звук ја подвлекува тишината
по такво нагло познание
и ти, најпосле, нашиот звучен говор го сфаќаш
со сите чула кои сепак не постигаат разбирање.
И сè што знаеш — тоа е дека си нè чул
и дека затоа си допрел некаква смисла






