петок, 22 мај 2026

Мостови на пријателство – антологија на поезијата од здружението „Диван“

Објавено на

часот

Сподели

Во антологијата се застапени песни на 138 автори од 17 земји, од Америка до Австралија со што се потврдува нејзиниот меѓународен карактер и значење. Најголем број од авторите се од Македонија, односно 83 автори кои создаваат на босански, македонски, албански, турски, влашки јазик и др. Најголем број на песни се пишувани на босански и македонски јазик со што книгата е значаен придонес за бошњачката и македонската книжевност, но и на книжевноста во целина. 

„Убавината е и во сличностите и во различностите. Кога избирате од одбраното квалитетот е неспорен, а со тоа димензијата на напишаното станува антологиска, секој стих, секоја песна. Затоа нема да издвојувам  стихови, сите се квалитетни и секоја песна на свој начин праќа универзални и космополитски пораки да светот биде подобро и поубаво место за сите“, пишува во делот од рецензијата доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

Со честитки до Бошњаците во нашата држава и светот од здружението „Диван“ порачуваат: „Преку поезијата испраќаме порака дека сме најсилни кога сме сите заедно, а нашиот мултикултурализам и мултијазичност се нашето богатство, а пораките со кои се градат мостови на пријателство универзални. Благодарност до Агенцијата за остварување на правата на заедниците што ги препознава овие вредности и што ја помогна реализацијата на овој проект.“

Печатењето на антологијата е подржано од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ