петок, 22 мај 2026

Денеска почнува Саемот на книгата 2021

Објавено на

часот

Сподели

Во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе се реализираат промоции на нови изданија од  Државниот Архив на РСМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божилак, Издавачки Центар Јени Балкан.

Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, а покрај промоциите, ќе има и големи саемски попусти до 70отсто.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции можат да се видат на следниот линк: https://bit.ly/3DTDPUs

Саемот за книга ќе се одвива на отворено, согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метра и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ