петок, 22 мај 2026

Денеска почнува интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ПР-тимот на „Про-за Балкан“, на овогодинешниот лауреат, Мирча Картареску, ќе му се придружат писателите: Јоана Николае, Анте Томиќ, Миљенко Јерговиќ, Оливера Ќорвезироска, Гојко Божовиќ и Калин Терзиски. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 19 септември, во Даут-пашиниот амам.

На третата вечер ќе биде доделена наградата Прозарт на лауреатот Картареску, а секој автор ќе прочита извадоци од своите дела. На 22 септември ќе се одржи дополнителна програма – „Александар Прокопиев за Гојко Божовиќ & Божовиќ и Прокопиев за Данило Киш“ во книжарница „Буква“.

Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Прозарт медиа“, а поддржувачи се „Традуки“, Министерството за култура, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопjе, амбасадата на Романија, Спона, Кинотека.

Фестивалот ќе се одржи во Даут-пашин амам, Кинотека, Јуроп хаус Скопје и во „Буква“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ