Слово е издавачот кој повеќе години во Македонија го реализира овој проект под наслов 100 словенски романи, во кој учествуваат тринаесет словенски земји и литератури. Марко Сосич (1958-2021) е роден во Трст. Во неговите дела има карактеристична поетичност, топла емпатија и изразито чувство за маргиналните состојби на човечкиот дух. Тој го обезбеди своето високо место со романот „Балерина, Балерина“, како и со уште неколку други романи и две збирки раскази, што му донесоа големи признанија од критиката и можноста неговите дела да бидат преведувани на повеќе јазици
„Балерина, Балерина“ е роман за петнаесетгодишно аутистично девојче. Авторот ја следи неговата болна и поетична реконструкција на светот создадена на проблематичната природа на реалното и ониричкото, на детаљите нa семејниот живот и на одломките од медиската с тварност која тече таму некаде зад границите на дворот од нејзината куќа. Има нешто слично меѓу овој роман и „Бука и бес“ на Фокнер, сличност меѓу Балерина и Бенџи, триесетгодишен маж на ментално ниво на дете, чија темпорална слика на свет от е некој вид компензација за заминувањето на саканата сестра. На сличен начин и Балерина, хроничарот на еден возбудлив свет, има цврста потпора во фигурата на мајката.
Романот „Балерина, Балерина“ е во превод од словенечки на Дарко Спасов.






