петок, 14 ноември 2025
Мухамед Халили

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Локални избори за потврда на етничкиот легитимитет

Сѐ до појавата на „Огнената група” во ДУИ предводена од Изет Меџити, дотогашниот неприкосновен лидер Али Ахмети суверено владееше во политичката сцена во Македонија силно поддржан и од претставниците на меѓународната заедница ЕУ, САД како и од албанските лидери од Косово и Албанија, како единствениот лидер кој можеше да ги држи „под контрола „ Албанците во Македонија.

Се памтеа времињата кога при појава на тенденција за дестабилизација на владите во Македонија, Ахмети ги „канализираше“ лошите тенденции со синтагмата „времето на војните поминаа, сега е време за демократија“.

Ахмети ја држаше диригентската палка кај оркестарот на Албанците сѐ додека одби внатрешно реформирање на ДУИ и воведување на внатрепартиска демократија во партијата која беше силно окупирана  од дојденецот Артан Груби кој веднаш потоа ја доби довербата на Ахмети и стана негов шеф на кабинет и вистински цар во партијата: се самоименуваше во највисоки партиски и државни позиции, водеше сопствена кадровска политика во име на партијата, ги елиминираше сопартијците од политичкиот живот, делеше тендери, водеше висока државна економска политика, креираше проекти-Бехтел и Енка, беше сѐ, до редар во спортска сала за време на политички и спортски манифестации.  ,

Али Ахмети, кој на почеток се самопрокламираше како лидер кој се борел за правата на Албанците преку војната од 2001 година, после долгогодишното дводецениско владеење почна да се трансформира во лидер кој во внатрепартиските кругови, според опозицијата, воспостави систем на корупција, криминал, слатка секси атмосфера внатре во партијата, неред во сите сфери на живеењето.

Во јавноста Ахмети почна да се фали дека тој (голем јунак!) ја „уривал Југославија“, а вистината беше спротивна дека тој успеал да го урне само СДС парцијално и заедно со СДС да ја урива Македонија: за корупција, криминал, партизација, клиентелизам, фамилијаризам и сѐ лошо што постои во светот… За ова речиси секој ден известуваа медиумите.

Изет Меџити херој на демократијата меѓу Албанците

Повеќе од две децении  Али Ахмети глатко ги добиеше изборите во албански изборни средини. Не беше важно како: со апаши, со дилери, со новинари кои  му беа верни слуги, со таканаречени интелектуалци кои тој ги регрутираше од некои универзитети, фиктивни вработувања, со партиска полиција, со корумпирано  партиско судство… с ѐ до појавата на Изет Меџити со неговата партија.

Тоа што албанските политички партии и албанските гласачи не можеа да го постигнат за 24 години, го постигна Изет Меџити за помалку од една година.

Пред една година бев сведок на невидена еуфорија на граѓани кои во големи редици пред нотаријатот потпишуваа изјава за членство во новата партија.

На Изет Меџити не му требаше пушка за да формира политичка партија (како што направи Ахмети во 2001 година), туку само еден прост повик за 1.000 потписи пред нотар и едно просто информирање за статутот и програмата на политичката партија.

Референдумот пропадна: дали Бујар Османи беше „жртвено јагне“?     

Регионалната кампања на Али Ахмети против коалицијата Влен дека тие немаат албански легитимитет, дека се слуги на премиерот Мицкоски кој на Албанците „им ги зема“ националните и јазичните права, еден полош вмрвоец од Груевски, кого според Али, неправедно го мрзеа Албанците, а тој бил добар и добро соработувал со Али – пропадна. Али ги евакуираше Никола и Груби на сигурни места, но самиот доживеа дебакл на 19 октомври.

Тој ден со големата победа на Влен во сите градови на Македонија се докажа кој е вистинскиот етнички претставник на Албанците во Владата на Македонија, се докажа дека прототипите на Рахман Морина, чесниот Албанец на Милошевиќ, се наоѓаат меѓу редовите  на Европскиот фронт за корупција и криминал или помодерно АКИ или НАИ или старомодно ДУИ.

Бујар Османи, едно интелигентно и едуцирано момче, кандидат за градоначалник на Чаир, кој заедно со Алија 19 октомври го прогласија за национален референдум со кој ќе се докаже дека АКИ ќе биде етнички претставник во Владата на вмровецот Мицкоски, таа вечер, машки излезе пред јавноста и призна дека сега од народот разбрал дека Албанците уште во мај на Влен му дале етнички легитимитет за во Влада, а сега поубедливо го повториле!

Османи веројатно сега разбрал дека со неговото кандидирање за градоначалник на Чаир Али де факто го елиминирал од кандидатурата за иден претседател на ДУИ.

Алија пак признал една голема грешка: го вклучил Таравари во коалицијата АКИ и му ветил пет општини меѓу кои и Гостивар, а Гостивар не бил во џебот на Али, туку во рацете на народот кој не му дал виза за следниот круг поради цензусот.

Да го префрлеше Курто Дудуш од Европскиот фронт во АКИ, ДУИ, партијата на Али Ахмети ќе се пофалеше дека дебаклот на Гостивар го покрил со Шуто Оризари на Дудуш! Голема грешка. Али ги потцени тие 36 илјади гласови што партијата на Дудуш на парламентарни избори му ги подари на Европскиот фронт.

И на крај песната на А. Сариевски: „Излези Видо мори чудо да видиш“.

Села од АКИ, пред еден новинар, сам прашува и сам одговара: дали Алијансата ќе влезе во Владата и без да каже кој му нуди влез  во Влада, поставува услови за влез. Која влада, кој му нудел, кога ќе биде тоа? Ха, ха, ха.

Мухамед Халили

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Годишниот самит за климатски промени без оптимизам

КПК не се откажува и нема да се откаже од комунизмот

Ѓoрѓи Илиевски

Реформата во образовниот систем и улогата на МОН

Стефан Вељановски

Македонската трговија расте, но нејзините темели остануваат кревки

Ристо Цицонков

Нуклеарна фузија – револуција во енергетиката и пошироко

Рајко Пеколски

Флуидно решение!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ