понеделник, 27 април 2026

Загина 28-годишник во сообраќајка на патот Прилеп – Крушево

Во неделата, на 26 април, во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во село Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел вектра“ Н.З., кој во болницата во Прилеп починал. Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка С.Б.(29) од Прилеп и возачот на патничкото возило „ланд ровер“, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ