понеделник, 25 мај 2026

За четири часа за брзо возење казнети 42 возачи во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Две од пречекорувањата биле за над 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и шест пречекорувања во населено место, од кои едно за 50 километри на час“, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Во акцијата санкционирани се и други видови сообраќајни прекршоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ