„Од казнетите, 52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената. Повторно, уште еднаш апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесат да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.






