понеделник, 28 април 2025

Во сообраќајка во Италија загинаа двајца иселеници од Дебарско

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од Дебарско. Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кои исто така со семејството долги години живеел во Италија. Според полицијата несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога од работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо.

Возилото, камионче  во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин бил тешко повреден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ