Исто така, изречени се 14 мерки за возач почетник, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, како и четири мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






