Според пријавата, во периодот од 2 до 5 февруари 2025 година, како и од 21 до 26 мај 2025 година, пријавениот евидентирал дека вработената Ј.И., готвач во одморалиштето, доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа во тој период била надвор од државата.
Дополнително, во периодот од 28 мај до 30 ноември 2025 година, С.М. евидентирал дека истата вработена користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа.
Со овие дејствија, како што информираат од МВР, пријавениот ѝ овозможил на Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 253.834 денари, со што е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи.
Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола против С.М. и Ј.И. поднел предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Против С.М. е изречена задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, додека против Ј.И. е изречена мерка за поведување постапка за надомест на настанатата штета.






