Вчера на пладне на граничниот премин „Долно Блаце”, на влез во земјава од слобода бил лишен М.А.(38) од Скопје, за кого било утврдено дека тој во оперативната евиденција е со мерката „апси”, по судска наредба од 10 јануари минатата година. Тој е предаден на полицијата во Мирковци за натамошно постапување.
Синоќа на граничниот премин „Блаце”, при влез во државата, бил приведен Ј.А.(35), поради тоа што физички нападнал царински службеник, додека тој извршувал службени дејства. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.






