вторник, 12 мај 2026

Тeшка сообраќајка на патот Градско-Прилеп, еден загинат

Вчера на патот Градско-Прилеп загина 89-годишен росоманец откако во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладне на регионалниот пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци.

Известен бил јавен обвинител и во тек е увид од страна на увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп беше во прекин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ