петок, 22 мај 2026

Сообраќајната полиција казни и 10 возачи почетници

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, за рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, шест прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 10 санкции за возачи – почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.

„Исто така, изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), 52 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР и нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ