Полицијата постапила по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар. И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт. По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен возач кој со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар
Денеска, 13 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар.

ТОП ВЕСТИ





