петок, 22 мај 2026

Притвор за битолчанец за недозволена трговија со дрога

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, на 18 јуни, во автомобил марка „ауди А6“, неовластено за продажба држел наркотична дрога – 11,02 грама кокаин  во повеќе полиетиленски пакувања. При претрес на неговиот дом, пак, полицијата пронашла и 2,59 грама марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради проценката дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ