понеделник, 18 мај 2026

Претрес во Тетово, пронајдени кокаин и метамфетамин

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н. (60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, на 11 мај 2026 година полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и метамфетамин.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ