Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 21 мерка за возење без возачка дозвола, три мерки за минување на возила на црвено светло, четири за некористење сигурносен појас, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 41 мерка за непрописно паркирање, 15 за непрописно престигнување и обиколување, шест за нерегистрирани возила.
МВР предупредува дека сообраќајната полиција продолжува со засилените мерки и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






