„Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело разбојништво по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.
Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.