недела, 24 мај 2026

Одземени три возила, возел брзо, пијан и еден без дозвола

Полициски службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Возилата им се одземени.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Тучевиште, е приведен А.Л. (38) од Гостивар, кој управувал патничко моторно возило „бмв“ со американски национални ознаки со брзина од 165 км/час на делница каде дозволената брзина е 80 км/ч.
Рано утрово приведен е О.М. (28) од село Пирок, кој управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки под дејство на 1,59 промили алкохол во крвта.
Во Желино утрово е приведен Ј.И. (24) од село Рашче, Скопско, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ