
Од Обвинителството информираат дека кај Врапчишка петља возилото било забележано од полициски службеници, кои го запреле и пребарувајќи пронашле 4,4 грама хероин.
Тројцата обвинети се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик а, како што информираат од ОЈО, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определените мерки притвор за обвинетите лица.






