понеделник, 25 мај 2026

Нелегална зоолошка градина со диви животни во Чегране

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО – Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во селото Чегране.

При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР, кое е испратено без фотографија од објектот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ