среда, 18 јуни 2025

Малолетник со тротинет удри во џип и тешко се повреди

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 19:55 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улица Ленинова во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак – малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило волксваген тигуан со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница – Кавадарци. Известен бил јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ