За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
Засилена сообраќајна контрола е спроведена и во Тетово, каде се забележани и законски санкционирани 18 прекршоци.
Најмногу од нив се однесувале на непропуштање возила од десна страна. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 32 други видови прекршоци, информира МВР. Вчера реализирана е и акциска контрола на мотоциклисти, во која биле изречени вкупно 20 мерки и прекршоци.






