За возење повеќе од дозволената брзина израчени се 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на затворен семафор – црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, две за користење на мобилен телефон, две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, информира МВР.
Од Министерството предупредуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






