МВР информира дека полициски службеници од СВР Охрид ги привеле С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј.
Двајцата, околу 21.00 часот во атарот на селото Лескоец, биле затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј”, со бугарски национални ознаки.
Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.






