„Вчера во 2:20 часот, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода М.А. од велешкото село Долно Каласлари и Ј.П. од Велес, а во 15:15 часот го лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А., а сопатници биле Ј.П. и малолетникот, кој излегол од возилото и побегнал, при што фрлил пари и марихуана, кои биле пронајдени и одземени“, соопшти МВР.
При преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана, а М.А. и Ј.П. биле лишени од слобода и известен бил јавен обвинител.
„Подоцна, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на малолетникот во присуство на негов родител, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, телефон и пари. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а потоа и спроведен во Основно јавно обвинителство – Велес. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, додадоа од МВР.






