СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Џ. од селото Лопате, кумановско, поради сомнение дека сторил кривично дело поврзано со трговија со дрога. Полициските службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во Гостивар, надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Ј.А. од селото Сенокос, општина Врапчиште. На 17 април годинава, при претрес во неговата семејна куќа, полицијата пронашла и одзела марихуана, по што против осомничениот е отворена и кривична постапка.
На подрачјето на скопската општина Центар, вчера, полицијата го лишила од слобода М.К. од Скопје. При извршената контрола кај него била пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Струмица пак, поднесе кривична пријава против 68 годишниот Б.П. за неовластено производство и пуштање во промет на дрога и за овозможување употреба на наркотични дроги.
Според информациите, на 1 февруари годинава, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Истрагата покажала дека наркотиците биле набавени токму од пријавениот Б.П.






