„Помалку нормално. Повеќе мока“ е слоганот на најновата кампања на Опел.
Поврзувајќи ги модерното и стилот како контраст на традиционалното, новиот модел беше претставен во комбинација на бела боја со црвено-црни елементи кои ги истакнуваат линиите на најновиот модел во гамата на германската марка.

Добивме можност да се запознаеме со новата мока и да се увериме во драстичните промени на овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот па сé до внатрешниот ентериер кој доби целосен дигитален пресврт, носејќи го искуството при возењето на ново ниво – дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил, порачува Еуроимпекс.

„Секоја линија, од самоуверената силуета на кросовер до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија“, истакнува увозникот. „Мока има непогрешливо смел став, возило што се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил“.
Како и да гледате на неа, во мока ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот па сѐ до задните еко-ЛЕД светла кои хармонично го реплицираат препознатливиот визир.

Мока не наликува на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата, порачуваат од Еуроимпекс.
Новата мока може да се нарача и во електрична верзија.






