понеделник, 9 февруари 2026

Захарова: Новите санкции на САД нема да ја запрат Москва во Украина

Ниту една нова санкција нема да ја спречи Москва во нејзината намера да ги постигне своите цели во Украина, изјави портпаролката на руската влада Марија Захарова, одговарајќи на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе уште построги санкции кон нејзината земја доколку Кремљ продолжи да ја „уништува“ Украина и не седне на преговарачка маса за постигнување мир, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Првата реченица од објавата на Трамп (на социјалната мрежа Трут соушл) е најважна. Со месеци САД се фокусирани на победата на Украина. А сега на дело е признавањето на реалноста дека украинската ситуација на бојното поле е лоша“, напиша Захарова.

Во првата реченица од објавата, Трамп го наведе фактот дека Русија „апсолутно ја уништува Украина во моментов“ на бојното поле како причина за неговата закана за банкарски санкции против Москва.

„Вистината е: Украина загуби затоа што ѝ веруваше и се потпираше на претходната Бела куќа (за време на администрацијата на Џозеф Бајден, кој беше претседател на САД од 2021 до јануари 2025 година). Кога зборуваме за нови санкции, веќе се соочуваме со толку многу санкции и тие не нѐ спречија да ги оствариме нашите цели“, напиша Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ