„Имавме убава прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија (Тимчо Муцунски). Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање за дискусија меѓу Европската Унија и земја-кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори следната година и ако не се искористи оваа можност, навистина може да се изгуби“, изјави Петрова – Чамова, пренесе „Бгнес“.
„Овој став беше потврден денес. Мило ми е што имаме многу широк политички консензус во Бугарија за тоа. Им го кажав ова и на нашите северномакедонски партнери. Очекуваме активности од нив да покажат дека имаат целосна политичка подготвеност да продолжат“, изјави Чамова.






