четврток, 23 април 2026

Во вила што му припаѓаше на Версаче најдени тела на двајца мажи

Објавено на

часот

Сподели

Тела на двајца мажи се пронајдени во хотел во Флорида, кој претходно бил вила на модниот дизајнер Џани Версаче.

Телата ги пронашла чистачката, а полицијата во Мајами Бич покрена истрага.

Причината за смртта и идентитетот на жртвите не се откриени.

Денес се одбележуваат 24 години од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче, кој беше убиен на прагот на својата куќа од серискиот убиец Ендру Кунанан.

Вилата каде што се пронајдени телата на мажите, Каза Казуарина, е изградена во 1930 година, а Версаче ја купи во 1992 година. Хотел е од 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ