Ова е неопходно затоа што по тој период нивото на антитела паѓа толку многу што заразувањето е речиси сигурно. Сепак, од друга страна, постојат и оние со силен имунолошки систем, кои вакцината ќе ги штити многу подолго.
Она што во моментов е познато е дека вакцинираните луѓе што прележале заразување имаат особено високо ниво антитела. Студија на Универзитетот Рокфелер во Њујорк ја докажа оваа хипотеза, пишува германскиот портал Билд.
Исто така, утврдено е дека организмот на оние што се вакцинирани со трета доза е отпорен на сите соеви на короната. Досега се регистрирани 20 мутации. Многу е веројатно дека овие особено ефикасни антитела ќе работат против сите варијанти на вирусот што ќе се појават во иднина.
„Антителата мутираат исто како вирусите. Сѐ додека вирусот или антигенот се во телото, клетките ги оптимизираат антителата. Преовладуваат најсилните и најефикасните“, вели имунологот проф. д-р Андреас Радбруч.
„Овој процес е типичен за антивирусните процеси. Имунолошкиот систем тестира, така да се каже, кое антитело е најдобро. Разликата помеѓу ‘опоравениот’ и ‘вакцинираниот’ е во тоа што кај оние што оздравеле, антителата дејствуваат против целиот вирус или различни структури на вирусот“.
Меѓу другото, и против нуклеопротеинот. Бидејќи за време на вакцинацијата се вбризгува само модел на шилестиот протеин, луѓето што се вакцинирани развиваат само антитела против овој протеин. Тоа е доволно за заштита од коронавирусот.
Се чини дека антителата со поголема и веројатно долгорочна флексибилност се појавуваат по комбинација на заразување и вакцинација, така што закрепнувањето во комбинација со вакцинацијата е идеално.
Заразување плус вакцинација = суперимунитет?
Оздравувањето плус вакцинацијата се чини дека е совршена комбинација. Но дали може и обратно?
Со други зборови, дали има од овие особено ефикасни антитела кога вакцинираните луѓе ќе се заразат со корона? Во овој контекст, заразувањето за вакцинираните значи дека вирусот влегува во телото, но обично не предизвикува никакви симптоми.
Проф. д-р Питер Кремснер, вирусолог во Универзитетската болница во Тубинген, смета дека заразувањето по вакцината секако ќе придонесе за зајакнување на имунолошкиот систем.
„Најверојатно заразувањето ќе го зајакне специфичниот имунолошки одговор по вакцинацијата“, објаснува тој.
Сепак, тој не сака да се помисли дека препорачува вакцинираните луѓе намерно да се заразуваат.






