сабота, 25 април 2026

Вучиќ најави нови антиковид мерки: „Со такви будали не разговарам“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата држава направи сè, нема кој не слушнал за Србија и што направи. Но, извинете. Пред година и два месеци имавме упад во српската Скупштина, бидејќи најавивме можност за затворање. Влегоа во собранието и ги тепаа полицајците и тогаш се зборуваше дека сакаме да врзуваме и малтретираме луѓе“, кажа Вучиќ.

„Обезбедивме повеќе и побрзо вакцини од ЕУ што им обезбеди на членките. Обезбедивме најмодерни болници. Им ги зголемивме платите на медицинските работници. Сè што беше поскапо и подобро, ние тоа го обезбедивме. Што уште да направиме: Ќе има одредени мерки, ќе видиме како и што, но мораме да живееме. Станува збор за личната одговорност, пред сè кога станува збор за вакцинацијата“, објасни претседателот на Србија.

Тој истакна дека е горд на резултатите во борбата против коронавирусот и објасни дека „совеста му е чиста“.

„Јас да ги терам луѓето, оние кои кажуваат дека им се лепи паричка бидејќи се чипирани, со такви будали не можам да разговарам“, кажа Вучиќ.

Истакна дека вакцинацијата во Србија во еден момент достигнала 48 отсто, но дека има 20 отсто од луѓето кои не веруваат дека постои болеста додека некој близок не им умре.

Најави и дека наскоро ќе стигне и вакцината на компанијата Модерна и објасни дека тогаш во Србија, што се однесува на изборот на вакцини ќе биде „шведска маса“.

[video:https://youtu.be/0Q-yaerjCAg autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ