петок, 24 април 2026

Вучиќ: Едвај чекам Твитер да ме блокира, за да бидам уште еден Трамп

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ рече дека потегот за етикетирање на српските медиумски организации не е ништо друго освен „цензура“ и го предизвика Твитер да го затвори неговиот сопствен профил на платформата.

„Едвај чекам да ми го затворат профилот за да станам уште еден светски Трамп“, рече Вучиќ.

„Со кого треба тие да соработуваат, со тајкуни, крадци и криминалци?“, праша тој во вторникот. „Најнормално е тие да соработуваат со владата.“

„Ние дури и не ги финансираме повеќето од овие медиуми, како држава. Но тие ги финансираат Гласот на Америка и Би-би-си и тие не се означени како државни медиуми. Што ме наведува да се прашувам кој прави цензура овде“, додаде тој.

Во јануари Твитер го избриша профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за поттикнување насилство поврзано со крвавиот бунт во зградата на Капитол.

Во август 2020 година Твитер почна да ја додава етикетата „поврзани со државата“ на медиуми, како подготовка за претседателските избори во САД. Оваа недела етикетирањето беше проширено и на Србија.

„Твитер е пропагандна воена машинерија“, беше насловот во таблоидот „Информер“, над интервјуто со експерт што тврдеше дека социјалните мрежи со седиште во САД „го прават истото што го направија бомбардерите на НАТО во 1999 година“, и илустрирано со фотографија на Хитлер како ѕирка од логото на Твитер со сина птица.

Социјалната мрежа почна да ги обележува медиумите поврзани со државата како „места каде што државата врши контрола врз уредувачката содржина преку финансиски средства, директни или индиректни политички притисоци и/или контрола врз производството и дистрибуцијата“.

Твитер вели дека ставиле етикети на такви профили во САД, Кина, Франција, Русија, Германија, Италија, Јапонија, Саудиска Арабија, Шпанија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Повеќе од десет познати весници и ТВ-станици во Србија сега на Твитер се етикетирани како „поврзани со државата“.

Твитер нема да ги препорачува и јакне медиумските профили поврзани со државата или нивните твитови кај корисниците, додаде компанијата.

Српската државна телевизија одлуката на Твитер ја нарече „политичка“ и рече дека во знак на протест ќе престане да објавува материјали на мрежата.

Српските провладини медиуми, вклучително и државната ТВ, редовно ги критикуваат другите, независни медиуми во земјата, тврдејќи дека се контролирани од корумпирани опозициски фигури или западни амбасади.

Вучиќ, кој од неговото доаѓање на власт пред 10 години контролира голем дел од медиумскиот пејзаж на Србија, рече дека етикетираните медиуми „шират слободољубиви идеи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ