недела, 26 април 2026

Вознемирувачки глетки: масакр на делфини поради традиција, морето црвено од крв (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Традиционалниот масакр или „гриндадрап“ се случил ноќта на 12 септември. Во масовниот колеж биле убиени 1.428 делфини на плажата Скалаботнур на Фарските Острови.

Делфините претходно биле натерани да впливаат во плитките води на плажата на островот Ејстурој, каде со часови безуспешно се обидувале да избегаат пред да ги убијат.

Овој масакр бил толку брутален што го критикуваат и оние кои отворено признаваат дека се китоловци, пишува организацијата „Морски овчар“, која со години се бори против ловот на китови. Тие наведуваат дека неодамна завршениот лов е „најголемиот поединечен масакр на делфини и китови во историјата на Фарските Острови“.

Локалното население на социјалните мрежи споделува снимки и фотографии од мртвите делфини истакнувајќи дека со овој чин се прекршени неколку закони кои важат на Фарските Острови, пред сè дека ловот не делфините, освен ако не е неопходен, никогаш не е дозволен.

Исто така, многу учесници на овој бизарен ритуал немале дозвола за лов, која е задолжителна на Фарските Острови, а која подразбира и специјална обука за тоа како брзо да се убијат китовите и делфините за да не се мачат. Меѓутоа, на снимките се гледа дека многу делфини биле живи откако од чамците биле префрлени на копното со другите мртви од јатото.

За тоа за каков масакр станува збор најдобро зборува следниот податок – за време на само една ноќ на Фарските Острови се убиени речиси идентичен број делфини колку што јапонската влада дозволува како квота за шестмесечен лов во озлогласениот залив Таиџи.

На Фарските Острови до крајот на летото веќе се убиени 615 китови со долги перки, со што вкупниот број на убиени китови во текот на 2021 само на овие острови пораснал до шокантната бројка од 2.043.

„Имајќи го предвид времето во кое сме и глобалната пандемија, апсолутно е ужасно да се види напад врз природата од овие размери како на Фарските Острови. Ако нешто научивме од пандемијата, тоа е дека мораме да живееме во склад со природата наместо да ја бришеме“, кажа капетанот Алек Корнелисен, извршниот директор на „Морски овчар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ