сабота, 18 април 2026

Водечки научен советник на француската влада: Веројатно ќе имаме четврти бран

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, Делфреси во средата додаде дека воведувањето на вакцините против ковид-19 ќе помогне во ублажување на ефектот на новиот бран на вирусот, за кој многу медицински експерти сметаат дека може да ја погоди Франција до септември или октомври.

„Мислам дека ќе имаме четврти бран, но ќе биде многу поумерен од претходните три бранови, бидејќи нивото на вакцинација е различно од порано“, изјави Делфреси за француското радио.

Францускиот епидемиолог Арно Фонтане, кој исто така ја советува француската влада за научни прашања, за БФМ ТВ во средата изјави дека очекува бројот на заразени лица со ковид-19 во Франција да се зголеми повторно во септември или октомври.

Министерот за здравство Оливие Веран на почетокот на оваа недела рече дека делта варијантата на вирусот, поради чија стапка на ширење во светот некои земји повторно воведоа ограничувања на патувањата, сега претставува околу 20 проценти од случаите во Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ