Бројот на луѓето што го загубиле животот во борбата против болеста сега достигна 179.243, објави ТАСС.
Според податоците на рускиот кризен штаб, стапката на смртност од ковид е 2,63 проценти.
Русија регистрираше 19.630 нови случаи во претходните 24 часа, така што вкупниот број на пациентите од почетокот на пандемијата е 6.824.540.






