четврток, 23 април 2026

Во Кина, 25.000 полицајци следат стадо слонови, 150.000 луѓе се евакуирани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Слоновите безбедно го преминаа мостот преку реката Јуан, свртувајќи на југ кон природниот парк со кој управува градот Пуер, потврдија надлежните служби.

Специјалниот комитет формиран за диви слонови користи електрични огради, разни мамки, како храна, за да ги води до нивната дестинација.

Членот на управниот одбор Јанг Јингјонг им рече на новинарите дека миграциската рута е „научно испланирана“.

„Комитетот ќе стори сè за да ги врати слоновите во нивното живеалиште што е можно поскоро за таму да просперираат“, рече Јанг.

Јунан распореди повеќе од 25.000 полицајци и 1.500 возила за следење и хранење на слоновите, но и да се осигури јавна безбедност.

Повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани долж рутата, а осигурителните компании исплатиле околу пет милиони јуани (771.000 американски долари) како материјална штета.

Во април оваа година, 15 слонови го напуштија Пуер и пешачеа повеќе од 1.300 километри за во јуни да застанат кај Кунминг.

Шен Кингжонг, експерт во природниот парк Сишуанбана, рече дека е многу веројатно слоновите повторно да се упатат кон север, бидејќи „миграциите и проширувањето на популацијата азиски слонови се неизбежни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ