петок, 24 април 2026

Во Израел, за прв пат од јануари, повеќе од 10.000 нови случаи на ден

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство доцна во средата објави дека се пријавени 10.001 нови случаи на инфекција со коронавирус за 24 часа. 688 се тешко болни, а 25 лица во истиот период починале.

Израел ја започна кампањата за вакцинација во декември минатата година. Со две дози се вакцинирани 59 проценти од 9,4 милиони жители, а со трета 19 проценти. Вакцинирани се исклучиво со Фајзер.

Кон крајот на јули, Израел беше прв во светот што започна со вакцинација со трета доза за зајакнување на имунитетот на населението. Други земји наскоро почнаа да го следат.

Одлуката беше донесена откако научните студии покажаа дека ефективноста на вакцината во спречување на зараза опаѓа со текот на времето, иако и понатаму дава силна заштита од потешки форми на болеста.

Во Израел со недели се шири поагресивната делта варијанта на вирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ