Вирусот потекнува од исто семејство како и вирусот што предизвикува ебола.
Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека е неопходно да се запре вирусот што е можно поскоро.
Марбург се пренесува од лилјаци на луѓе, а меѓу луѓето се пренесува преку телесни течности.
Случаите се исклучително ретки, а последната голема епидемија била во Ангола во 2005 година.
Тоа е тешка, често смртоносна болест која предизвикува треска и хеморагија.
Во меѓувреме, еден пациент од Гвинеја починал.
Системите што постојат во Гвинеја и соседните земји за борба против неодамнешните епидемии на ебола, повторно се преземаат како одговор на вирусот Марбург.
Во Африка, епидемии и повремени случаи се пријавени во Ангола, Демократска Република Конго, Кенија, Јужна Африка и Уганда, вели СЗО.
Повеќе од 200 луѓе починале од појавата на вирусот Марбург во Ангола во 2005 година, пишува Би-би-си.






