И другите германски провинции – Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург-Западна Померанија – сакаат да преземат таква мерка, која тешко ќе ги погоди невакцинираните, а ќе стапи во сила на 15 септември.
Министерот за здравство на Баварија, Клаус Холечек, рече дека оние што не се вакцинирале, а нема здравствени причини да не примат вакцина, според него, немаат право на плата за време на карантин.
„Не може општеството да плаќа за нив“, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојувањето на оваа мерка.






