сабота, 25 април 2026

Во Германија, повеќето пациенти на интензивна нега се на возраст под 60 години

Објавено на

часот

Сподели

Помеѓу средината на август и почетокот на септември, на интензивна нега биле лекувани повеќе пациенти на возраст од 18 до 59 години отколку над 60 години, се вели во извештајот на Институтот Роберт Кох, објавен вчера.

Во Германија, 83 проценти од луѓето постари од 60 години се целосно вакцинирани, додека две дози од вакцината примиле 67 проценти од оние на возраст од 18 до 59 години.

Повеќе од 1.400 пациенти заболени со ковид-19 се на интензивна нега, што претставува зголемување од 22 проценти во споредба со минатата недела, се вели во извештајот.

Најголем број пациенти на интензивна нега досега е забележан во Германија за време на божиќниот период минатата година, околу 5.760.

Повеќето пациенти во болниците со ковид-19 се на возраст од 35 до 59 години, но ризикот од смрт е сепак највисок кај постарите лица, се додава во извештајот.

Стапката на вакцинација во Германија кај сите возрасни групи малку е зголемена во однос на минатата недела, од 61 на 62 проценти.

Разликата во вакцинираноста на различни возрасни групи, исто така, произлегува од фактот дека лицата над 12 години добиле препорака за вакцинација во средината на август и сега околу 24 проценти од оние на возраст од 12 до 17 години се целосно вакцинирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ