петок, 24 април 2026

Во Австралија првпат над 1.000 новозаразени со коронавирусот

Објавено на

часот

Сподели

Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, забележа рекордни 1.039 случаи на инфекција во последните 24 часа.

Повеќе од 15.000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што мерките против коронавирусот се вратени.

Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, денеска се регистрирани 80 заразени лица.

Околу 25 милиони Австралијци во моментов се во карантин, а граѓаните на Сиднеј повеќе од два месеци ги немаат напуштено своите домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ