петок, 24 април 2026

„Вие не сте коњ. Не сте крава. Сериозно. Престанете“, порача американска ФДА

Објавено на

часот

Сподели

„Вие не сте коњ. Не сте крава. Сериозно, сите. Престанете“, порача во саботата ФДУ од својот официјален твитер-профил, со детално објаснување зошто лекот може да биде опасен за луѓето.

Ивермектинот, кој не е антивирусен лек, генерално се користи за лекување или спречување паразитски заболувања кај животните.

„Овие лекови за животни често се висококонцентрирани бидејќи се користат за големи животни како коњи и крави, кои може да тежат многу повеќе од луѓето. Таквите големи дози може да бидат многу токсични за луѓето“, се вели во соопштението на ФДА.

Агенцијата посочува дека пациентите што се предозирале со ивермектин може да доживеат гадење, повраќање, дијареа, низок крвен притисок, алергиски реакции, вртоглавица, проблеми со рамнотежата, напади, кома, па дури и смрт.

Агенцијата на својата веб-страница појасни дека таблетите ивермектин одобрени од ФДА за луѓе се наменети за третман на луѓе со одредени состојби предизвикани од паразитски црви, како и за топикални формулации што се користат против вошки и за кожни болести како што е розацеата. Тие се разликуваат од лековите што се користат кај животните, а таблетите ивермектин и топикалните формулации наменети за луѓето имаат „многу специфични дози“, кои се значително помали од дозите наменети за животни.

Освен тоа, „многу од неактивните состојки пронајдени во производите од животинско потекло воопшто не се проценети за употреба кај луѓето“, предупреди ФДА, додавајќи: „Во некои случаи, не ни знаеме како овие неактивни состојки ќе влијаат на апсорпцијата на ивермектинот во човечкото тело.“

ФДА посебно нагласи дека не одобрила никаква форма на лекот ивермектин за употреба во лечење или спречување на ковид-19 кај луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ