Претседателката на Европската комисија првично зборуваше за реакцијата на Европската комисија на пандемијата на коронавирус. Таа смета дека реакцијата на Европската унија била добра, особено проектот Европа на идната генерација.
Фон дер Лајен рече дека Европа е главниот простор кога станува збор за вакцинацијата во светот.
„Пандемијата е маратон, а не спринт. Доставивме вакцини во Европа и остатокот од светот. Го направивме тоа на европски начин и мислам дека тој начин функционираше“, рече Фон дер Лајен.
A pandemic is a marathon, not a sprint.
We now need to:
? speed up global vaccination
? continue our efforts here in Europe
? strengthen our pandemic preparedness#SOTEU pic.twitter.com/lxfLFROYTS— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) September 15, 2021
„Највисок приоритет е да се забрза вакцинацијата во светот. Ова е едно од најголемите геополитички прашања на ова време. Решивме да поделиме 250 милиони дози од вакцината. Комисијата ќе испорача нова донација од 200 милиони дози за Африка“, додаде таа.
„Гледаме голема дивергентност меѓу земјите-членки кога станува збор за стапките на вакцинација. Вложуваме големи напори оваа пандемија да не се претвори во пандемија на невакцинираните“, рече Фон дер Лајен.
Таа истакна дека работата на европската здравствена унија е голем чекор напред.
„Погледнете го европскиот ковид-пасош. Имаме околу 400 милиони потврди. Учествуваат 42 земји на четири континенти. Успеавме да постигнеме сè за 4 месеци. Додека другите зборуваа за тоа, Европа го направи тоа“, рече претседателката на Европската комисија.






