среда, 6 мај 2026

Украина тврди дека по неколку дена ќе се случи државен удар, Русија веднаш реагираше

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски за обидот за државен удар, до кој требало да дојде следната недела, зборуваше на денешната прес-конференција, каде што исто така ја спомена руската закана со воена ескалација. 

„Се соочуваме со предизвиците не само од Руската Федерација и можната ескалација, туку имаме и големи внатрешни предизвици. Имам добиено информации дека во нашата земја на 1 и 2 декември ќе се изведе државен удар“, рече Зеленски.

Тој не даде подетални информации за наводниот државен удар и не ја обвини отворено Русија дека е вмешана, но спомена звучен запис за превратот, на кој наводно може да се чујат луѓе од Русија.

Русија трупа воени сили близу својата граница со Украина, која заедно со Соединетите Американски Држави и со НАТО изрази загриженост поради можен руски напад.   Кремљ ја отфрли оваа можност, додавајќи дека непотребно се предизвикува паника. 

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат поради кревање на напнатоста во минатите недели, со што предизвикуваат страв дека долготрајниот судир меѓу Украина и руските сепаратисти, кои ги поддржува Русија, би можел да прерасне во отворена војна.  

„Целосно ги контролираме сопствените граници и потполно сме спремни за каква било ескалација“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ