Марк Баер (49), Рајан Адамс (34) и Даниел Герик (40) ќе платат парични казни во вкупен износ од 1,7 милиони долари, колку што заработиле работејќи за ОАЕ.
Тројцата работеле за американската разузнавачка служба, вклучувајќи ја и НСА, американската воена разузнавачка агенција, пред да учествуваат во сајбер нападите на една емиратска компанија поврзана со владата на ОАЕ врз различни цели од 2016 до 2019 година.
Една од овие хакерски операции им овозможила пристап до „десетици милиони“ паметни телефони.
На обвинетите им е забранет пристап до американските разузнавачки податоци и им е забрането повторно да се бават со хакерски операции.






