петок, 24 април 2026

Третина Украинци жалат за Советскиот Сојуз

Објавено на

часот

Сподели

Според резултатите од истражувањето, 32 проценти од испитаниците жалат за распадот на СССР, додека 61 процент имаат спротивно мислење.

Останатите седум проценти не можеле да одговорат на прашањето, пренесува Тасс.

Повеќето од оние што жалат за распадот на Советскиот Сојуз се меѓу жителите на југоисточниот дел на Украина, како и меѓу постарите лица.

Уделот на оние што се носталгични кон СССР во областите Луганск и Доњецк, кои се под контрола на Киев, е поголем од 50 проценти.

Во истражувањето, кое беше спроведено од 20 јули до 9 август, учествуваа 20.000 луѓе постари од 16 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ